петок, 13 ноември 2026
Најново

Чавков и уште четворица осудени за 27. април бараат да се бранат од слобода

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Осудените за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 бараат до правосилноста на пресудите да се бранат од слобода, пренесе “Сакамдакажам.мк.“
Митко Чавков, кој беше осуден на највиоска казна од 18 години затвор, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски и Никола Митревски-Кољо осудени на 15 години затвор и Абдулфета Алими осуден на 7 години затвор, денес со жалба до Апелациониот суд Скопје од судиите побараа да им биде укинат притворот, затоа што имаат дадено гаранции.
Гаранцијата на Чавков е 600 илјади евра, на Ѓошевски 434 илјади евра и на Лазаров, како највисока, изнесува 770 илјади евра, целосно во недвижен свој и имот на роднини.
– „За што плативме гаранции, за да седат во затвор?“, коментираа роднините на осудените.

 

Поврзани вести