Европската интеграција на Македонија зависи од спроведувањето на европскиот консензус од јули 2022 година. Бугарија категорично се спротивставува на обидите на Македонија да ги заобиколи или повторно да ги преговара, објави бугарското МНР, пренесе БГНЕС.
Утре попладне ќе има средба меѓу македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски и неговата бугарска колешка Весислава Петрова Чамова во Хелсинборг, потврдуваат извори од МНР за ТВ 24.
Муцуснки и Петрова Чамова се на Самит на министри за надворешни работи на земји членки на НАТО во Шведска и според информациите на тв 24 утре попладне договорена е официјална средба меѓу двете делегации. Според изворите на ТВ 24 форматот на средбата ќе биде или 1+1 или 1+2.“
„Обидите на Македонија да го оспори статусот на Протоколот од Вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија според член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка се во спротивност со постигнатиот европски консензус, бидејќи Протоколот е дел од него. Министерството за надворешни работи е доследно во своите активности за спротивставување на овие обиди.“ – вели, Велислава Петрова-Чамова – министерка за надворешни работи на Бугарија.
Ова е прва средба откако Македонија му упати устен демарш на амбасадорот на Бугарија, бидејчи во Брисел Чамова Петрова ја употреби формулацијата „северномакедонски“ и порача дека се сретнала со Муцуснки и му кажала дека Македонија мора да ги внесе Бугарите во Уставот и дека тоа е европкса обврска, додека пак македонскиот министер разговорот го квалификуваше како едноминутен на стоење и најави дека официјално ќе ја покани Петрова Чамова на средба.
Министерството за надворешни работи на Бугарија, преку мрежата на бугарски мисии во странство во земјите-членки на ЕУ и во Скопје, вложува активни напори за да спречи какво било повлекување, заобиколување или доведување во прашање на преземените обврски. Ова го изјави бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова во одговор на пратеничко прашање, објави БГНЕС.



