Часовник пронајден под урнатините на Хирошима продаден за над 31.000 долари


Часовникот кој се стопик во текот на американското бомбардирање на јапонскиот град Хирошима на 6-ти август 1945 година е продаден на наддавање за повеќе од 31.000 долари.

Часовникот запрел во моментот на детонација на американската атомска бомба фрлена првпат во историјата над јапонскиот град во 8,15 часот наутро, во последните денови од Втората светска војна, објави бостонската аукциска куќа RR Auction.

Предметот е изваден од под урнатините на Хирошима и сведочи за последиците од разорните последици од примената на атомското вооружување.

Аукциската куќа соопшти и дека британски војник го нашол часовникот во урнатините. Највисоката понуда изнесувала 31.113 долари, а понудувачот сакал да остане анонимен.

Малиот месинган часовник, редок „преживеан“ предмет од областа на експлозијата, беше понуден на аукцијата со некои други историски важни предмети, објави RR Auction.

„Се надеваме дека овој примерок со музејски квалитет ќе остане потресен образовен симбол, кој ќе служи не само да нѐ потсетува на жртвите на војната, туку и да го нагласи длабокиот, деструктивен капацитет што човештвото мора да се стреми да го избегне“, рече извршниот потпретседател на RR Auction, Боби Ливингстон.

„Овој рачен часовник, на пример, го покажува и означува точниот момент во времето кога историјата засекогаш се промени“, додаде Ливингстон.

Меѓу другите предмети на аукцијата биле и потпишана копија од „Малата црвена книшка“ на поранешниот кинески лидер Мао Цетунг, која е продадена за 250.000 долари; потпишан чек од Џорџ Вашингтон, еден од двата познати чекови што ги потпишал како претседател на САД кои некогаш се појавиле на наддаањата, продаден за 135.473 долари; како и списокот за подготовка на месечевиот модул на мисијата „Apollo 11“ на Баз Олдрин, кој бил продаден за 76.533 долари, според RR Auction.беше понудена и потпишан примерок од „Малата црвена книшка“ на поранешниот кинески лидер Мао Це Тунг, продаден за 250.000 долари. Чек потпишан од американскиот претседател Џорџ Вашингтон, пак, е продаден за 135.473 долари.

Пронајдете не на следниве мрежи: