Челзи и Тотенхем ремизираа

Челзи и Тотенхем одиграа без победник 2:2, во одложениот натпревар од Премиер лигата на Англија.Во Лондонското дерби, домашните два пати имаа предност, која фудбалерите на тотенхем успеваа да ја анулираат.Бразилецот Оскар го постигна првиот гол на натпреварот во 11-та минута, Тотенхем израмни 15 минути подоцна преку Адебајор. Нова предност на Челзи му донесе Рамиреш во 39-та минута, а конечниот резултат го постави Сигурдсон во 80-та минута.Челзи со освоениот бод остана на третата позиција на табелата со два бода повеќе од Арсенал, кој е на четвртото место и три повеќе од Тотенхем кој се наоѓа на петтата позиција.Во следното коло Челзи ќе гостува во Бирмингем кај Астон Вила, додека Тотенхем ќе патува во Стоук.
МакфаксЧелзи и Тотенхем одиграа без победник 2:2, во одложениот натпревар од Премиер лигата на Англија.Во Лондонс

Пронајдете не на следниве мрежи: