Челниците на САД и Кина телефонски разговараа за хакерските напади

Американскиот претседател Барак Обама ја нагласил во четвртокот важноста од постигнување решение за сајбер безбедноста во телефонскиот разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг, во моментите кога Вашингтон се` повеќе ја нагласува загриженоста поради хакерските напади кои доаѓаат од Кина.Американскиот претседател Барак Обама телефонски ги повикал Си Џинпинг за да му го честита изборот за претседател на Кина, а двајцата се согласиле околу важноста на редовните разговори на највисоко ниво. Обама најавил дека американскиот министер за финансии Џејкоб Леу, ќе ја посети Кина идната седмица, а пота ќе следи и посетата на државниот секретар Џон Кери, соопшти во четвртокот навечер Белата куќа, пренесува Reuters.Притоа се додава дека американскиот челник го поздравил ветувањето на Кина на државите членки од групата земји Г20 дека дополнително ќе го флексибилизира курсот на националната валута. САД долг период ја убедуваше Кина дека тоа треба да го стори за американските извозници да бидат поконкурентни на кинескиот пазар.Имајќи ја предвид загриженоста на САД поради хакерските напади коишто доаѓаат од Кина, претседателот Обама „ја нагласил важноста од решавање на проблемот на сајбер безбедноста која претставува заеднички предизвик“, се додава во соопштението на Белата куќа.Американската компанија за информатичка безбедност „Mandiant” кон средината на февруари соопшти дека спроведувајќи повеќе од стотици истраги во последните три години утврдила оти организациите коишто на интернет хакерски ги нападнале интернет ресурсите на американската администрација, американските компании и американските медиуми „имаат седиште главно во Кина, како и дека кинеската влада во целост е запознаена со нивните активност“.Компанијата „Mandiant”, којашто инаку е ангажирана за совети од областа на информатичката безбедност од страна на американската влада, тврди дека зад нападите стои „Единицата 61398“ којашто е во составот на кинеската армија и нејзиното седиште е во Шангај.Од компанијата тврдат дека „Единицата 61398″ украла стотици терабајти податоци од најмалку 141 организација во светот од 2006 година досеа. Поголемиот број жртви на овие напади се од САД, а помал број се од Кина и од Велика Британија.Администрацијата на американскиот претседател Барак Обамаги запозна највисоките функционери во владата на Кина, вклучително и воените функционери, со загриженоста поради хакерските напади кои доаѓаат од Кина, соопшти во вторникот Белата куќа.Официјален Пекинг веднаш категорички ги отфрли извештаите на американската компанија за информатичка безбедност која ја обвини кинеската армија за информатичко пиратство и хакерски напади врз американските владини агенции, медиуми и компании.„Сајбер нападите по природа се транснационални, анонимни и лажливи, има многу несигурност за нивното потекло. Да се потпира само на IP адресите (единствените бројни ознаки на компјутерите) за да се заклучи дека тие напади доаѓаат од Кина, го покажува незнаењето на основните технички правила”, соопшти во февруари кинеското министерство за одбрана преку својот портпарол  Генг Јаншенг.
МакфаксАмериканскиот претседател Барак Обама ја нагласил во четвртокот важноста од постигнување решение за сајбер безбе

Пронајдете не на следниве мрежи: