петок, 27 ноември 2026
Најново

Четворица планинари заедно со седумгодишно дете залутале на патот меѓу селото Кожле и Велес, во тек е спасувачка акција

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај



ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Оттаму посочија и дека тим од три члена на ДЗС тргнале на лице место, со цел, како што посочуваат, да ги извлечат залутаните лица од опасниот срмен дел меѓу селото Кожле и Велес

Четворица планинари, меѓу кои има и едно седумгодишно дете го згрешиле патот и залутале на стрмно место меѓу селото Кожле, на патот кон Велес, односно на место познато и како Манастирски мост.

Оваа информација поладнево ја соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК), од каде посочуваат дека добиле пријава за овој случај добиле на единствениот повикувачки број 112.

Фото: Илустрација

„Регионалниот ЦУК Велес веднаш комуникациски координирал за пронаоѓање со СВР Велес, ДЗС Велес и општина Велес“,

велат од ЦУК.

Оттаму посочија и дека тим од три члена на ДЗС тргнале на лице место, со цел, како што посочуваат, да ги извлечат залутаните лица од опасниот срмен дел меѓу селото Кожле и Велес.

– Реклама –

Поврзани вести