Четврта фаза прскање против комарци

Град Скопје соопшти дека четвртата фаза од авионската и од терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе почне на 31 јули (авионско) и на 4 август (терестрично).
Авионската дезинсекција ќе се одвива на 31 јули (среда) и на 1 август (четврток), во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција ќе почне на 4 август (недела) и ќе заврши најдоцна до 7 август (среда). Оваа дезинсекција ќе се одвива во периодот од 23 до 4 часот, наредниот ден.
Доколку временските услови во наведените денови не се поволни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога времето ќе биде поволно, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција, посочуваат од Град Скопје и ги информираат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. /МИА

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.