петок, 27 ноември 2026
Најново

Четврто издание на културното списание „Спознавање“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Иницијативата Спознавање го објавува своето четврто културно списание во петок (31.05) во Лабораториум со почеток од 19:00 часот. На едногодишнината на Спознавање ќе има изложби на Дорина Тенева и Druidic Strings, фотографски книги на Никола Јовановиќ и Здренко Петровски, базар со локални креативцикако Акреа, Pixie Crochet, MadeOfSpit и плакати изработени од Партизан Штампа од ситопечат и други. Додека од 22:00 започнува концерт од нашите локални музичари Алембик и Галатеа.

На ова издание во списанието ќе може да прочитате интервјуа со колективот Партизан Штампа, фотографот Иво Велчевски, издавачката куќа The Deepest Purple Club, македонските бендови Алембик, Занаду и Кенопсија. Низ содржината има и голем број на други интервјуа и колумни.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во текот на настанот ќе имате можност да видите изложба од најчитаните интервјуа од првиот, вториот и третиот број на Спознавање, самите фотографии од интервјуата, но и повеќе да се поврзете со мотивот зад идејата.

Со ова се дава директна поддршка на алтернативната сцена, се запознавате со мотивите на уметниците зад нивните дела и можност да набавите нешто локално и уникатно.

Последното издание на Спознавање беше објавено на 27.01.2023 каде имаше интервјуа со македонски, српски и хрватски музичари. Најчитани интервјуа од претходните изданија се тие со Дина Јашари и другари, Констракта и Свемирко.

Дел од интервјуата се достапни на веб сајтот https://spoznavanje.org/ и Инстаграм профилот https://www.instagram.com/spoznavanjeorg/.

Зад изработка на списанието е екипата на Спознавање: Графички уредник – Анамарија Мишачковска, Главен уредник и новинар- Дарко Беровски, Новинар – Вања Ратковиќ, Фотографи – Емилија Трајковска, Иво Велчевски и Никола Јовановиќ, Колумнисти – Бисера Ѓуровска и Андреј Медиќ Лазаревски. Корицата беше направена на ситопечат во соработка со колективот Партизан Штампа, а поддржувачи на ова издание се Sinatra Specialty Coffee, Match Superfood и Училница Specialty Coffee.

Поврзани вести