Четириесет годишна жена од Радовиш е приведена откако лажно пријавила дека се поставени бомби во училиштата

Министерството за внатрешни работи на Македонија соопштува дека вчера (06.11.2025 година), Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во соработка со Секторот за компјутерски криминал, поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Скопје против В.Ј. (40) од Радовиш, со живеалиште во Скопје, за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.

Таа го извршила делото така што на 29.10.2025 година во 06:41 часот од претходно креирана е-адреса и користејќи го својот мобилен телефон, преку провајдерот „Google“ испратила заканувачка содржина до официјалната е-адреса на основно училиште во Радовиш, на која, меѓу другото, навела дека во училиштето е поставена бомба.

„Со тоа, преземени се соодветни мерки и активности за утврдување на потеклото на IP адресите и идентификуван е сторителот. Во училиштето е спроведена и антитерористичка проверка, при што е утврдено дека не се пронајдени експлозиви или опрема“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
The post Четириесет годишна жена од Радовиш е приведена откако лажно пријавила дека се поставени бомби во училиштата appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: