Четири вида зеленчук кои го намалуваат лошиот холестерол и помагаат во одржувањето на здравјето на срцето

Високиот холестерол претставува сериозен ризик по здравјето, зголемувајќи го ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар. Заедно со препишаната терапија, еден од најефикасните начини за контрола на нивото на холестерол е прилагодување на исхраната, а зеленчукот богат со влакна и антиоксиданси игра клучна улога во ова. Редовното консумирање на одредени видови зеленчук може значително да помогне во намалувањето на „лошиот“ LDL холестерол и одржувањето на здравјето на срцето, пишува „Тајмс оф Индија“.БрокулаБрокулата со право се смета за суперхрана бидејќи е богата со витамини, минерали и диететски влакна. Влакната во брокулата го врзуваат холестеролот и помагаат да се отстрани од телото пред да стигне до крвотокот. Покрај тоа, антиоксидансите како лутеин и витамин Ц ги штитат крвните садови од оштетување и го намалуваат воспалението поврзано со срцеви заболувања.Истражувањата потврдуваат дека редовната консумација на брокула го подобрува нивото на холестерол и го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Најдобар ефект се постигнува ако ја јадете сурова или кратко варена на пареа.Модар патлиџанМодриот патлиџан е уште еден зеленчук богат со растворливи влакна кои го забавуваат варењето и помагаат во елиминирањето на штетниот холестерол од телото. Има ниска калорична вредност, но е богат со витамини и минерали неопходни за здравјето на срцето.Некои студии покажаа дека редовната консумација на модар патлиџан може да доведе до намалување на нивото на LDL холестерол и подобрување на целокупниот липиден профил. За максимални придобивки за здравјето на срцето, се препорачува готвење на пареа или скара.МорковОсвен што се познати по своите придобивки за видот, морковите се и одличен сојузник во регулирањето на холестеролот. Тие содржат пектин, вид растворливи влакна кои ја спречуваат апсорпцијата на LDL холестеролот во крвотокот.Антиоксидансот бета-каротен, заедно со други соединенија, ги штити крвните садови и го намалува воспалението. Студиите потврдуваат дека луѓето кои често јадат моркови, сурови како ужина или лесно зготвени, имаат подобри резултати во холестеролот и генерално подобри индикатори за здравјето на срцето.СпанаќСпанаќот е лиснат зелен зеленчук полн со хранливи материи здрави за срцето. Содржи влакна, кои помагаат во намалувањето на холестеролот, и каротеноидот лутеин, кој спречува оксидација на LDL холестеролот, намалувајќи го ризикот од затнати артерии.Богат е со магнезиум и калиум, минерали кои помагаат во регулирањето на крвниот притисок и обезбедуваат правилна циркулација. Најдобро е да се консумира свеж, во салати и смутија, или кратко термички обработен.

Пронајдете не на следниве мрежи: