Четири годишно момче тајно нарачало 46.818 сладоледи со ликот на Сунѓер Боб, семејството во шок

Четири годишно момче од Њујорк направило голема сметка откако тајно нарачувало водени сладоледи во форма на ликот од цртаниот филм, Сунѓерот Боб. Задоволството на малото момче изнесувало 2618 долари за нарачката од Амазон.
Ноа Брајант од Бруклин нарачал 51 пакување во кое имало по 918 сладоледи, а со адреса на испорака до неговата тетка. Амазон најпрво истакнале дека нема да се откажат од нарачката, па мајката на момчето морала да плати голема сметка.
Сепак од компанијата подоцна посочиле дека се во контакт со семејството Брајант и дека сладоледите ќе ги донираат во локалната хуманитарна заедница.
Во меѓувреме на сајтот “GoFundMe” биле собрани 11.000 долари за помош на момчето и неговото семејство.
Семејството истакнало дека собраните пари ќе ги насочат кон образованието на Ноа кој има АСД.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.