Четири жени беа избрани за градоначалнички на локалните избори во Република Македонија во 2025 година

На локалните избори во 2025 година, четири жени успеаја да ја добијат довербата на граѓаните и да бидат избрани за градоначалнички во своите општини, една во првиот круг и три во вториот.

Во првиот круг, единствената жена градоначалник беше избрана Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ, која ќе ја води општина Кисела Вода.

Во вториот круг, Соња Стаменкова освои втор мандат во Општина Македонска Каменица, поддржана од Коалицијата на СДСМ.

Градоначалнички мандати во вториот круг добија и кандидатите на Коалицијата „Ваша Македонија – ВМРО-ДПМНЕ“ Марија Нацева во општина Неготино и Наталија Димитриева во општина Демир Капија.

На овие избори имаше вкупно 309 кандидати за градоначалник, од кои само 32 беа жени (10,35%)./

The post Четири жени беа избрани за градоначалнички на локалните избори во Република Македонија во 2025 година appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: