Четири лица од Струмица се осомничени за кражба на 160 вреќи компири од продавач во Тетово

Четири лица од Струмица се осомничени за ноќта помеѓу 28 и 29 ноември, откако украле 160 вреќи компири од камион „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на К.С. од село Горна Речица, соопшти Секторот за внатрешни работи – Струмица.

Според соопштението, полицијата ги уапсила Ј.А. (40), М.А. (34) и Р.Д. (31), сите од Струмица.

„Во просториите на СВР Струмица беше повикан и И.А. (38) од Струмица, кој исто така е осомничен дека ја извршил кражбата заедно со Ј.А., М.А. и Р.Д. Со сите лица беа извршени службени разговори и тие го признаа делото. Од Ј.А. и М.А. беа одземени 160 вреќи украдени компири, кои беа вратени на сопственикот“, се вели во полициското соопштение.

Се додава дека за случајот е известен јавниот обвинител од Обвинителството Струмица и, по целосно документирање на настанот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
The post Четири лица од Струмица се осомничени за кражба на 160 вреќи компири од продавач во Тетово appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: