Чех демантираше дека преминува во Арсенал

Голманот на Чешката фудбалска репрезентација и на англискиот премиерлигаш Челзи Петр Чех, го демантираше пишувањето на англиските медиуми дека на крајот на оваа сезона преоѓа во редовите на Арсенал.„Тоа е интересна вест, но станува збор за глупост. Навистина не знам ништо за тоа, никој не ме контактирал. Искрено, не би можел да се замислам на голот на Арсенал“, рече Чех.Чешкиот голман стигна на Стемфорд Бриџ во 2004 година од француски Рен, а претходно бранеше за Спарта и Чмел Блшани.За чешката репрезентација бранеше 98 пати.
МакфаксГолманот на Чешката фудбалска репрезентација и на англискиот премиерлигаш Челзи Петр Чех, го демантираше пишувањето на

Пронајдете не на следниве мрежи: