Чешка ќе инвестира милијарда евра во биткоин

Шефот на чешката Национална банка сака да инвестира девизни резерви во вредност од милијарди евра во биткоин, во револуционерен потег што може да ја направи Чешка првата западна централна банка што го направила тоа.Гувернерот Алеп Михл за „Фанјешл Тајмс“ објави дека утре ќе му предложи на бордот на директори план за инвестирање во биткоин, а диверзификација на резервите на чешката Народна банка (ЦНБ). Ако го одобри овој план, ЦНБ би можела да држи 5% од своите резерви во биткоин.Признавајќи ја „екстремната нестабилност“ на биткоинот и неговата ограничена историја, Михл забележа поширок интерес на инвеститорите за биткоинот откако BlackRock и другите фирми лансираа биткоин ETF-и минатата година.Тој ги спомна и ветувањата на Трамп за дерегулација на криптовалутите. Со извршна наредба минатата недела, Трамп назначи работна група да работи на создавање национален попис на дигитални средства.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.