Член на Хамас ја сними сопствената смрт

На социјалните мрежи се појави видео од милитант на Хамас како ја снима сопствената смрт за време на ненадеен напад врз јужен Израел минатата сабота. Имено, на видеото се гледа како некој пука од заседа кон група членови на Хамас кои минувале низ населбата. Притоа погоден е и припадник на Хамас кој го снимал нападот.

Хамас масакрираше израелски цивили на 7 октомври кога упадна на музички фестивал и го изврши најлошото крвопролевање во израелската историја. Досега, повеќе од 1.400 луѓе загинаа во Израел, вклучувајќи 286 војници. Од друга страна, повеќе од 2.600 луѓе загинаа во израелските напади врз Појасот Газа.


Повеќе од 1.000 луѓе се под урнатините во Газа, објави палестинската цивилна одбрана. Во соопштението, цивилната одбрана рече дека тимовите извлекле многу преживеани од урнатините во рок од 24 часа откако зградите беа погодени од израелски бомбардирања.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.