„Човечката Барбика“ имала уште една операција: Ѝ останале уште само 20% од желудникот

Трансродовата жена Џесика, која претходно беше позната како „Човечкиот Кен“, потрошила повеќе од половина милион долари на својата трансформација во „Човечка Барбика“, а на списокот со интервенции сега додала уште еден зафат.
Џесика Алвес пред промената на полот се викаше Родриго Алвес, а сега била на уште една операција во Турција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Alves (@jessicaalvesuk)


Била подложна на намалување на желудникот, пренесува „Дејли мејл“.
На Алвес ѝ останале само 20 отсто од желудникот и повеќе не чувствува глад. За оваа операција се одлучила бидејќи се борела со вишокот килограми.
„Имав 102 килограми и диетите не функционираа“, рекла таа за „Дејли мејл“.
„Хормоните кои ги зeмам поради транзицијата задржуваат многу вода во моето тело, па затоа сум постојано гладна“, објаснува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Alves (@jessicaalvesuk)


За оваа операција вели дека не е најдоброто нешто што го направила во животот, иако имала повеќе од 100 досега.
На операции потрошила повеќе од половина милион долари, а во иднина планира уште една операција – да го коригира носот, па ќе оди и на операција на гласот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.