ЧОКОЛАДНИ КОЦКИ СО ОРЕВИ: Кремасти и едноставни, нивниот вкус е ненадминлив

Ви треба:

250 г мелени бисквити250 г шеќер210 г маргарин150 г мелени ореви100 г грубо сечкани ореви100 г чоколадо18 лажици вода

Подготовка:

Сварете шеќерот и водата. Тргнете од оган и додадете маргарин, мешајте додека не се стопи. Додадете мелени ореви, бисквити, сечкани ореви и промешајте. Додадете стопено чоколадо и добро измешајте додека не добиете мазна смеса. Истурете во мал сад за печење и избоцкајте ја површината со вилушка. Ставете во фрижидер да се стегне, а потоа исечете на коцки.

Пронајдете не на следниве мрежи: