ЧОКОЛАДНИ МАФИНИ СО КАФЕ Идеални за изненадни гости, а се топат во уста

Ви треба:

2 јајцапрстофат сол1 кесичка ванилин шеќер200 г кафеав или гранулиран шеќер125 г обичен или ванилин јогурт1 лажица инстант кафе (растворено во малку млеко)100 мл млеко100 мл масло330 г брашно1 лажица горчливо какао1 кесичка прашок за пециво200 г парчиња темно чоколадо

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Во сад, изматете ги јајцата со шеќер и прстофат сол додека не добиете пенаста смеса. Додадете јогурт, млеко, масло и растворено инстант кафе, а потоа добро измешајте. Одделно измешајте го брашното, какаото и прашокот за пециво. Измешајте ги сувите и влажните состојки, а потоа додадете ги парчињата темно чоколадо. Мешајте полека. Истурете ја смесата во калапи за мафини до 3/4 од висината. Печете ги мафините околу 20 до 25 минути, во рерна загреана на 180 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи: