Чоколадо за појадок? Новата студија сугерира дека тоа би можело да помогне во согорување на масти

Ако одлучите денот да го започнете со малку чоколадо, тоа можеби воопшто и не е лоша идеја. Истражувачите од „Brigham and Women’s Hospital“ го проучувале влијанието на млечното чоколадо врз исхраната на жените во постменопауза, за труд објавен во „The FASEB Journal“.
Студијата анализирала 19 жени во постменопауза. Жените консумирале 100 грама млечно чоколадо во рок од еден час по будењето или во рок од еден час пред заминување во кревет. Потоа ги споредувале нивните мерки со мерките на жените кои не консумирале чоколадо.


Истражувачите велат дека утринскиот или ноќниот внес на чоколадо не довело до дебелеење и дека јадењето чоколадо наутро или навечер може да влијае на гладот и апетитот, составот на микробиотите, сонот и други фактори. Тие исто така откриле дека внесот на чоколадо во текот на утринските часови всушност може да помогне во согорување на маснотиите и намалување на нивото на глукоза во крвта. Јадењето чоколадо навечер исто така може да го промени метаболизмот следното утро.
„Нашето откритие покажува дека не само она што го јадеме, туку и кога јадеме, влијае на физиолошките механизми кои се вклучени во регулацијата на телесната тежина“, стои во соопштението кое го потпишува невронаучникот Френк А.Џ.Л. Шир.
Авторите признале дека нивната студија е ограничена на мала група жени во постменопауза и дека понатамошните истражувања кои ќе вклучуваат мажи и млади жени, ќе ги потврдат резултатите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.