Чудесен домашен лек, бомба за ИМУНИТЕТ и крвна слика

Комбинацијата на цвекло, јаболка и моркови е ефикасен домашен лек во борбата против вирусите и настинките.
Подготовка: Излупете јаболко, морков и цвекло и изрендајте ги ситно. Оставете ги еден час во сад да пуштат сок, потоа исцедете ги. Во добиената течност додадете малку лимон и лажичка мед.
Количината на сок зависи од тоа колку се големи овошјето и зеленчукот и колку се сочни. Околу 2,5 дл сок се добива од едно јаболко, морков и репка.
Доколку ви се допаѓа погуста варијанта, таканаречено смути, сите состојки добро изблендирајте ги и испијте ја течноста без да ја цедите.
Ако имате соковник, само ставете ги намирниците во него, вклучете го и почекајте да си ја заврши работата за неколку секунди.
8 здравствени придобивки од овој пијалок:
Ги чисти цревата и им помага правилно да функционираат.
Чаша од овој сок дневно го намалува високиот крвен притисок.
Благодарение на каротеноидите што ги содржи, сокот од цвекло е исклучително добар и за здравјето на очите.
Го зголемува нивото на енергија и на тој начин му помага на телото подобро да реагира на вежбање.
Содржи пигмент беталаин, кој има антиоксидантни и антиинфламаторни својства. Благодарение на него, овој сок спречува оштетување на клетките и ги елиминира слободните радикали од телото.
Го зголемува нивото на железо во крвта. Покрај тоа, содржи антиоксиданти кои помагаат во одржување на хемоглобинот на нормално ниво. Исто така, железото, кое го содржи овој сок, ја подобрува циркулацијата.
Докажано за подобрување на имунитетот. Како резултат, телото побрзо и полесно се бори против инфекцијата.
Благодарение на магнезиумот што го содржи, сокот од цвекло помага во ослободување од стресот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.