четврток, 26 ноември 2026
Најново

ЧУДО ВО КИНА: Бебе старо само 17 дена без никакви медицински терапии го преживеа коронавирусот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Бебе старо само 17 дена од Кина кое што било заразено со новиот корона вирус целосно закрепна без никаква медицинска помош. Бебето се родило во Вухан, центарот на епидемијата во Кина.
Имено, мајката била заразена од истиот вирус, по што истиот бил пренесен и на бебето, денеска тоа е здраво и без никаков проблем, пренесуваат светските медиуми. Бебето е испуштено од болница и неговата здравствена состојба е многу добра.

Девојчето, само што се родило било префрлено во Педијатриската болница во Вухан и веднаш беше забележано дека заразната болест ја наследило од нејзината мајка. Бидејќи симптомите од вирусот не биле силни, лекарите одлучиле да не интервенираат медицински и оставиле бебето само да се избори со вирусот.
-Бебето немаше потешкотии со дишењето, ниту проблем со кашлица, ниту висока температура, затоа не интервениравме со медицински терапии, рекол др. Зенг Лингког, првиот човек на одделот за толку што родени деца од истата болница. Па според него, бебето е добро и добро напредува во својата тежина.
Кинеските лекари уште од претходно беа децидни дека корона вирусот кај трудниците може да биде пренесен кај нивните бебиња.

ПОВЕЌЕ ЗА ВИРУСИТЕ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!!!

Се за КОРОНА ВИРУСОТ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

За ВАКЦИНИТЕ на пулс24 ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА!!!

Поврзани вести