ЧУДО, ЗАРАДИ СВЕДОШТВО!

Bo септември 1864 година, во семејството на Сергиј П. Блинов, во градот Твер, се разболеле три деца од шарлах.

На 15 септември умрело едногодишното дете пo име Арсениј; по една недела умрела и тригодишната ќерка Марија, a најпосле, по три дена, почнал да умира и дванаесетгодишниот син Николај, најстарото дете во ова семејство.

Тој се одликувал co бистрина на умот и co ретко добро срце. Иако сѐ уште мал, му бил од голема помош на својот татко во трговските работи. Заради овие особини, сите многу го сакале.

Co неискажана болка во душите, и мајката и таткото гледале во својот син, кој ги поминувал последните моменти од својот живот.

Но, пред него ги сокривале солзите и усрдно го молеле Господа за здравје и живот на своето дете.

Ha негово барање бил повикан свештеник да го исповеда и причести co светите тајни, Телото и Крвта на Синот Божји. Кога стасал свештеникот, болниот станал од постелата и усрдно започнал да се исповеда и да чита молитви пред светото причестување.

По благодарните молитви, свештеникот му посакал оздравување, но болниот одговорил дека ќе умре.

Кога свештеникот co чудење го запрашал од каде го знае тоа, кога тоа само на единиот Бог My e познато, болниот одговорил дека и тоа Бог му го открил, и додал дека Бог го повикува кон Себе.

По заминувањето на свештеникот, тој легнал во постелата и започнал забрзано да се моли и да чита молитви кои ги знаел на памет и се прекрстувал повеќе пати.

Снагата сѐ повеќе му ослабувала и тој тивко заспал во Господа.

До овој момент, родителите co голема мака се воздржувале од гласното плачење, a од сега им дале полна слобода на нивните солзи и оплакување. Во тие оплакувања и тажења од родителите, роднините и познаниците поминало околу еден час.

Потоа мајка му малку се смирила и започнала co посебно внимание да го набљудува лицето на своето умрено дете, сакајки во своето срце што подобро да ги впие сите црти од неговиот мил лик.

Таткото излегол во другата соба да ги види другите две болни деца и да им даде лекови, кои лекарот им ги препишал.

Набљудувајќи го внимателно лицето на својот умрен син, мајката забележала дека неговите гради почнуваат одвај забележливо да се движат. Во почетокот замислила дека нејзините очи ja мамат и дека тоа доаѓа од треперењето на свеќата и кандилото.

Сепак, продолжила внимателно да го наблудува. Но, не, видот не ја мамел; градите на покојниот навистина се мрдале.

Таа излегла да го побара мажот и да му каже за ова. Двајцата родители влегле кај починатиот син, го прибрале своето дишење и започнале внимателно да го набљудуваат својот починат син.

Градите се помрднувале, a по една минута се слушнала воздишка. По неколку секунди, покојното момче ги отворило очите.

За да не го возбудуваат co своето плачење, родителите се засолниле на страна. Но, тој започнал да ги бара co своите очи и co тежина се подигнал на постелата и седнал.

Откако го видел таткото, го повикал кон себе. Кога таткото му пристапил, тој му рекол:

“Се вратив овде, да се опростам co вас. Ги видов Маша, Арсениј и Саша (седмогодишна сестра која починала пред 10 години) и разговарав co нив.

Сите се тие живи, и колку е прекрасно местото каде што живеат тие!

Што е нашата куќа? Таму секоја ѕвезда е трипати поголема од нашата куќа! Па, каква е прекрасна светлината од тие ѕвезди! Кога ги здогледав сестричките, братчето и кумот, јас им пристапив, и кумот ме поздрави и запраша зошто сум дојден.

Кога му реков дека сум дојден да ги видам и да останам да живеам кај нив, сите ми рекоа: “Добро е остани кај нас. Гледаш колку е убаво тука!”

Потоа, сестра Маша ме зеде за рака и радосно ме поведе по цветната градина, помеѓу високите и зелени дрвја, какви што јас никогаш немам видено. Co нас одеа и Арсениј и Саша.

Прошетувајќи co нив, одеднаш се сетив на вас, на своите родители, и им реков:

jac не се простив co тато и мама. Почекајте ме, ќе појдам кај нив да се простам од нив и да земам благослов да живеам тука co вас.

Веднаш ќе се вратам. Тие ми рекоа: “Оди, прости се, па врати се веднаш. Ние те чекаме”.

Еве, јас се вратив, мили мои родители, од вас да се простам и да испросам ваш благослов, да живеам заедно co сестричките и братчето.

Простете ми тато и мамо, и благословете ме!

Родителите и роднините co внимание го слушале и кога тој завршил, таткото помислил дека тоа е искажано во некое бунило:

Затоа му се обратил co прашање дали го познава:

“Вие мислите дека јас не ве познавам. Вие сте Сергиј Павлович Блинов, мојот татко!”

Тогаш таткото покажал на мајка му и запрашал да каже која е таа:

“Тоа е мамичка, Александра Михајловна Блинова”. Потоа тој пo име ги кажал сите што биле присутни.

Тогаш таткото и’ шепнал на мајка му да го запраша синот повторно да раскаже каде бил и што видел. Кога таа му го кажала тоа на својот син, тој пак го повторил своето кажување, од збор до збор, така што сите присутни се зачудиле.

Кога завршил co кажувањето, му се обратил на татка си, co зборовите:

“Зарем вие тато, мене не ми верувате? Па јас сум при полна свест и памет!

Ако вие и понатаму се сомневате во мене, еве ви знак на вистинитоста на моите зборови. Задутре ќе дојде во вашата куќа Ксенија, ќерка на поранешната ваша слугинка, која вие многу години ја немате видено.

Таа ќе ве запраша за здравјето на вашите деца и ќе се зачуди кога ќе слушне дека сите ваши деца се болни и дека три се веќе починати, за кое таа воопшто ништо претходно не знаела, ниту пак слушнала.

(Оваа жена навистина задутрешниот ден дошла и била зачудена кога слушнала што се случило во семејството на Блинови).

Тогаш вие ќе поверувате на сѐ што сум ви зборувал. А, сега родители мои, ве молам, не задржувајте ме повеќе тука, простете ми co благослов”.

Бидејќи најпосле се уверил во вистинитоста на зборовите на својот син, таткото co сета сила на родителската љубов започнал да го наговара својот син да остане, како и до сега да му биде мудар и корисен помагач во сите негови работи.

Ho, младичот му одговорил на таткото: “тука не вреди да се живее, тука е толку лошо, толку нечисто, така опасно; а таму е така светло, спокојно и радосно.

Be молам пуштете ме! Немојте да барате ниту да се молите да останам тука. Та, и вие нема да живеете сто години. И вие ќе преминете таму. Ако ме отпуштите, jac ќе се молам за вас и за мамичка на Бога, да ве прими во Својата светлината и во Својата радост”.

Убеден и утешен co овие зборови, таткото не можел повеќе да се спротивставува на желбата на синот, го благословил и му посакал да живее во место светло, каде нема болка, тага и воздишка.

По ова, момчето се смирило, се израдувало, ги бакнало своите родители, легнало на постелата велејќи:

“Простете, време е, мене ме чекаат, Бог да е co вас, довидување!”

Кога ги изговорил овие зборови, се прекрстил, ги затворил очите, ги прекрстил рацете на градите и се упокоил.

За време на погребот, неговото лице блескало co некоја чудесна светлина, a на усните се гледала некоја радосна насмевка.

Од наведените примери се гледа дека смртта за праведниците не е страшна и ужасна, туку, повеќе е пожелна што порано да дојде.

А тоа е оттаму, што тие, целиот живот се сеќаваат на смртта, целиот живот се подготвуваат за неа и секогаш се готови да се сретнат co неа.

Пренесено од книгата “Задгробни тајни” од игумен Антониј

Пронајдете не на следниве мрежи: