Македонската музичка сцена доби нов хит кој за кратко време стана вистинска сензација – младата поп ѕвезда Антониа Гиговска и фолк легендата Благица Павловска ја објавија својата заедничка песна „Чукај, чукај“, која веќе ги освојува слушателите низ целиот регион.
Станува збор за модерна преработка на култниот хит од 90-тите, во која се спојуваат поп и фолк елементи, создавајќи свеж звук што веднаш влезе „во уво“ кај публиката. Песната премиерно беше објавена на YouTube, а реакциите не изостанаа – социјалните мрежи се преплавени со позитивни коментари и споделувања.
Дополнителен „шмек“ на проектот му дава и учеството на Роберт Спасенцовски (Joker), кој има свој дел во песната, правејќи ја уште поатрактивна за помладата публика.
Зад музиката стојат врвни имиња од домашната сцена – Дарко Димитров и Honey Chun, додека продукцијата и аранжманот го носат препознатливиот квалитет што гарантира хит. ЖОвој дует е вистински пример дека кога ќе се спојат искуството и младоста, резултатот може да биде вистинска музичка експлозија. Публиката веќе го прогласи „Чукај, чукај“ за песна која ќе се слуша долго време – не само кај нас, туку и низ целиот Балкан.
The post „Чукај, чукај“ на Благица Павловска и Антониа Гиговска го освои Балканот: Спој на генерации што го „разнесе“ интернетот! (ВИДЕО) appeared first on Во Центар.



