Иван Чулаковски, советник во општина Битола, од „Поинаку“, на своите социјални мрежи објави дека советниците од ВМРО – ДПМНЕ, денеска ги одбиле сите негови точки кои ги побарал за битолчани.
„БЕСПЛАТЕН Јавен превоз за сите битолчани
Набавка на сопствена механизација за репарирање и асфалтирање на улиците низ градот
Доизградба на фекалната канализација во Довлеџик за да не течат лајната во Драгоро
Поставување на еколошки билборди за прочистување на воздух (исто како шо бараше Вмро од Сдс дури беа опозиција)
Пренамена на парите шо ги добиваме од РЕК да не одат за канализација туку за конкретна борба против аерозагадувањето
Поставување на видео надзор на јавни површини (иако проектот е готов).“ – напиша Чулакоски.



