Чумата се шири, убиени 50.000 свињи во Романија

Романските власти пријавија повеќе од 500 жаришта на кои избувна епидемија на африканска свинска треска, главно во делтата на Дунав и во близина на границата со Унгарија.
Еден претставник од округот Тулча на истокот од земјата, регион најпогоден од оваа болест, кажа дека е прогласена вонредна состојба.


Михај Пагал, портпарол на канцеларијата на префектурата Тулча, вели дека од јуни се убиени 48.000 заболени свињи. Тој додаде дека епидемијата тешко погодила две големи комерцијални фарми и голем број помали фарми.
Според информациите од романските ветеринарни власти, само во регионот на Тулча се забележани 471 жариште на свинска чума. Тие, исто така, истакнаа дека 500 сточари од целата земја ќе добијат надоместок за угинатиот добиток.
Од Светската организација за здравјето на животните велат дека африканската свинска треска не влијае на луѓето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.