Чурлинов со Барнли во осминафинале на ФА-Купот со гол во 94-та минута

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов ги одигра последните 20 минути, а Барнли даде гол преку Нејтан Тела во 94-та минута за победа со 2-1 во преиграниот меч со Ипсвич за пласман во осминафиналето во ФА-Купот вечерва на свој терен.

Откако во првиот меч во Ипсвич одиграа реми без голови, Барнли кој е убедлив лидер во Чемпионшип и на вистински пат за враќање во Премиерлигата, долго време се мачеше да го скрши противникот, па успеа во долгото судиско надополнување да дојде до триумфот. Претходно Тела даде гол уште во првата минута, а Хирст израмни во третата и сѐ до надополнувањето мрежите мируваа, а Чурлинов во игра влезе во 70-та минута на местото на Витињо.

Пронајдете не на следниве мрежи: