Шабан Шаулиќ оставил тестамент: Откриено кому ќе му припаднат 2,4 милиони евра – еве што ќе добие сопругата, а што внуците

Легендата на народната музика Шабан Шаулиќ пред два дена, во раните утрински часови, загина во сообраќајна несреќа во Германија, а во автомобилот со него беше неговиот музичар Мирсад Кериќ кој управуваше со возилото, како и неговиот кум Слободан Бобан Стојадиновиќ.
Извори, некои од најблиските пријатели на Шабан, рекле дека кралот на народната музика имал тестамент кој го оставил на својот адвокат.


-Тестаментот е направен во семејната куќа на Шаулиќ во присуство на Гоца. Во него е наведено дека на сопругата ѝ остава вила вредна милион евра, во кој има доживотно право на уживање, после што ќе ја наследат внуците и децата. Покрај тоа, куќата во Крчедина ја остава на внуците, додека трите стана во Белград ги расподелил на трите деца, пишува Србија денес.
Покрај недивижнини, Шабан на својата сопруга ѝ оставил и заштеда на нејзино име.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.