Шампионите се враќаат порано

Иако претходно беше најавено дека ракометарите на “Вардар“ се враќаат во Скопје со два лета и околу полноќ, тие сепак ќе пристигнат на “Меѓународниот аеродром Скопје“ во 16:15 часот. До промената дојде откако за новите европски шампиони е организиран чартер лет. Пречек ќе има и на аеродром и потоа на плоштадот “Македонија“.
– Сепак ќе има промени!
Шампионите ќе дојдат порано денес со Чартер лет дирекно Келн-Скопје, и треба да слетаат околу 16:00ч. на Аеродромот Александар Велики. За кратко детали, стои во најновата објава на “Комити“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.