Шанса за флерт и авантура овој петок за овој знак

Овен
Некој во вас поттикнува ново сомневање, поради тоа не сакате гласно да зборувате за своите деловно-финансиски или приватни планови. Сепак, премногу дискреција од ваша страна остава негативен впечаток на вашите соработници.
Потрудете се да го израдувате саканото лице на необичен начин. Покажете дека имате исклучителни мнири во соодветна ситуација.
Можни се проблеми со забите.
Бик
Нечии идеи не ви се допаѓаат, така што внимателно бирајте ситуации во кои можете да ги изразите своите интелектуални или практични способности. Умеете да смислите паметно решение и да го прилагодите објаснувањето за своите сорботници.
Ве очекува емотивно задоволство кое ќе ве исполни со позитивна енергија. Уживајте во избрано друштво.
Здравјето е добро.


Близнаци
Пронаоѓате вистинска смисла или задоволство во различни ситуации кои во исто време го подобруваат вашето расположение и го збогатуваат вашето животно искуство.
Следете ги своите чувства и можете да го остварите она што многу ви недостасува. Важно е да одите во пресрет на случувањата.
Проверете ја крвната слика.
Рак
Искреност во деловниот дијалог не предизвикува големо воодушевување кај соработниците. Нема причини да ја докажувате својата супериорност и да го тргнете вниманието од себе.
Во љубовниот живот на време расчистете ги љубовните илузии. Не можете да го добиете се’ што посакувате туку само она што ви се нуди или ви го предлага блиско лице.
Здравјето е добро.
Лав
Вешто делувате во деловно – финансиските договори, но ниту вашите соработници не се наивни. Поради тоа, немојте да потценувате нечии способности.
Нема причини да ги потиснувате своите емотивни желби, пред лицето кое добро го познава вашиот карактер. Опуштете се.
Пожелно е да се рекреирате.
Девица
Информациите кои некој ви ги соопштил имаат корисно значење. Обрнете внимание на различни детали во деловните преговори и на скриените пораки.
Сочувајте го оптимизмот и довербата во својот партнер. Некој ќе ве израдува во голем стил и на исклучителен начин, вреден за почитување.
Проблеми со органите за варење.


Вага
Заклучувате дека средбата со едно лице не донесува големо олеснување или одговори на важни прашања.Одбегнувјте полемика и испочитувајте ги званичните прописи.
Во добро друштво или со емотивна блискост се изгледа многу полесно и поубво. Сметајте на поддршката на семејството.
Склони сте кон алергиски реакции.
Шкорпија
Кај себе ги поттикнувате креативната љубопитност и упорност, но само до онаа граница која нема да претставува проблем да ги остварите своите деловни намери.
Одбегнувајте провокативно однесување и импулсивно реагирање во друштво на блиско лице.Внимателно бирајте друштво за омилената забава.
Здравјето е добро.
Стрелец
Во деловните средби реагирате премногу избрзано и категорично одбивте неиј совет. Потребно е да ги котролирате своите лоши навики, нема причина да се истакнувате пред лице кое има поинакви деловни мерила.
Саканото лице има рзлични приговори на вашето однесување. Размислете за своите пропусти и немојте да игнорирате нечие предупредување.
Земајте витамини.
Јарец
Своите деловно-финансиски интереси ги врзувате за нечие ветување, поради тоа ја одбивате идејата која ја подржуваат вашите деловни соработници. Наместо непотребно да ризикувате во деловните договори, контактирајте ја личноста.
Нема потреба премногу да се занесувате со нечие ласкање или да верувате во среќата која ненадејно ќе дојде. Бидете реални.
Проблеми со крвниот притисок.
Водолија
Важно е да ги употребите своите дипломатски манири во средбата со деловните партнери. Нема потреба, пред соработниците да ги откривате своите намери,за кои не ве врзуваат заеднички интереси.
Делувате загрижено и ве следи љубовен несклад.На вашиот партнер му недостасува разбирање или добра воља а вам упорност.
Хронични тешкотии.
Риби
Доколку некој има забелешки на вашиот начин на работа или однесување, прифаќајте добронамерни критики. Побарајте практичен совет од лице кое има доволно искуство и волја да ве усмери во добар правец.
Вашето однесување отсликува емотивна слабост или немоќ да ги остварите своите намери.
Здравјето е добро.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.