четврток, 12 ноември 2026
Најново

Шварценегер откри кој филм му донел најмногу пари: Не е „Терминатор“, туку комедијата што сите ја обожаваме

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Имено, во своето последно интервју од понеделникот – 23 јуни, скоро 78-годишниот актер откри дека филмот „Близнаци“ (1988) бил финансиски најуспешен за него.

– Отидовме „до таванот“ со тој филм!, нагласи Шварценегер.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој веднаш потоа појасни дека за тој филм не добил плата однапред, туку договорил заработка по процент. Значи, некогашниот бодибилдер ги добива парите откако снимањето и продукцијата завршиле, а филмот почнал да се прикажува ширум цел свет.

Во „Близнаци“, Шварценегер и Дени Девито глумат генетски манипулирани близнаци кои се разделени при раѓање и подоцна повторно се среќаваат.

– Продолжението требаше да се вика ‘Тројки’, но не беше направено, бидејќи режисерот – Иван Рајтман почина непосредно пред да почнеме со снимањето на филмот, додаде Шварценегер.

Прашан, кој од филмовите „Терминатор“ би го оценил како „најмалку омилен“, глумецот одговори:

– Би рекол дека најлошиот е, веројатно – број четири, бидејќи тој (филм) е направен во времето кога бев гувернер, па не бев дел од него… Како правиш филм „Терминатор“ без јас да бидам во филмот како Терминатор? Нема никаква смисла.

„Терминатор 4: Спасение“ од 2009 година, со Кристијан Бејл во главната улога, е единствениот филм во серијалот од шест дела, каде што Шварценегер нема своја улога.

Инаку, „Терминатор 2: Судниот ден“ (1991) досега има вкупна заработка од околу 520 милиони долари. А пак, „Близнаци“, според „Бокс офис моџо“, досега има заработка од над 216 милиони долари.