Швајцарија е во голема опасност! Воведени итни мерки за внатрешна безбедност!

Ефективноста на швајцарската разузнавачка служба е загрозена поради кадровски проблеми, што резултираше со формирање агенција за реорганизација, соопшти денеска надлежниот надзорен орган.Во соопштението се наведува дека се забележани сериозни недостатоци во кадровската администрација и управувањето на Федералната разузнавачка служба (ФИС), пренесува Swissinfo.ch.Поради воочените недостатоци, швајцарската разузнавачка служба не секогаш можела да постигне целосни перформанси во последниве години, предупредија швајцарските власти. – Имам впечаток дека беше многу тешко ФИС да биде ефективен на сите фронтови. Надзорниот орган констатирал значителни грешки во кадровските досиеја на ФИС и тој процес е во тек – изјави денеска на прес-конференција во Берн, Приска Фишер – шеф на независното надзорно тело на Федералната разузнавачка служба (АБ-НД).Во извештајот на надзорниот орган за 2023 година е наведено дека се издадени различни препораки во врска со документацијата на кадровската служба.Меѓу другото, препораките се однесуваат на процедурите за интервјуирање и оценување на вработените и примена на дефинирани процедури во особено критични ситуации, а за спроведување на овие препораки е одговорно швајцарското Министерство за одбрана.ФИС пред еден месец објави дека се воведени мерки за внатрешна безбедност за да се спречи одливот на доверливи податоци. Со трансформацијата на разузнавачката служба раководи директорот Кристијан Даси, кој е на функција од април 2022 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: