Швајцарски научници откриваат: Повеќе од 43 килограми злато на годишно ниво во Швајцарија завршуваат во канализацијата

Швајцарските научници открија дека повеќе од 43 килограми злато, вредни близу 1,8 милиони американски долари, секоја година се губат во канализацијата во оваа земја.

Според извештајот на Швајцарскиот Федерален институт за водна наука и технологија, наводно, златото се губи во талог и отпад што минува низ канализацијата од постројки за пречистување на отпад во државна сопственост. Во просек, скоро 70 проценти од светското злато поминува низ швајцарски рафинерии.

Швајцарски научници откриваат: Повеќе од 43 килограми злато на годишно ниво во Швајцарија завршуваат во канализацијата

Научниците изјавија дека концентрациите на златото што се наоѓаат во отпадните води не претставуваат ризик за животната средина и повторна експлоатација на тоа злато не би било исплатлива во голем дел од земјата.

Сепак, постојат неколку градови каде што може да се извлече злато од канализацијата. На пример, во градот Тичино, кој има богата рафинерија, концентрациите на скапоцените метали во отпадните води би биле доволно високи за да ги оправдаат ресурсите што треба да се инвестираат во работењето.

Покрај златото, во талогот се пронајдени скоро 3.000 килограми сребро и други метали како што се танталум и германиум, кои често се користат во секторот технологија и медицина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.