Шеикот Ал Штеф ќе инвестира во Рома

Фудбалскиот клуб Рома соопшти дека постигнал договор за соработка со шеикот Адел Ареф ал Кадуми ал Штефи, кој треба да стапи на сила во наредните недели.

Италијанските медиуми претходните денови пишуваа дека арапски инвеститор ќе стане малцински сопственик на Рома, откако ќе откупи 40 отсто од акциите кои ги поседува Уникредит банка. Богатиот шеик по потекло е од Катар, а во Италија живее и работи веќе 25 години, тој бил подготвен во Рома да инвестира 100 милиони евра. Шеикот Ал Штефи е сопственик на две нафтени компании.
Макфакс
Фудбалскиот клуб Рома соопшти дека постигнал договор за соработка со шеикот Адел Ареф ал Кадум

Пронајдете не на следниве мрежи: