Шекеринска ќе ја посети Атина

Заменик-генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска ќе ја посети Атина на 1 јули за да се сретне со претставници на грчката влада, објавија од НАТО, пренесе Катимерини.

Таа, исто така, ќе присуствува на 29-тата годишна тркалезна маса на Владата на економистите, на која ќе се дискутира за „Стратегијата на Европа за одбрана и безбедност“, по што ќе следи размена на мислења.

Пронајдете не на следниве мрежи: