Шест работи кои ја убиваат страста во врската

Во секоја врска љубовта е најважна, но и страста исто така игра важна улога во одржување на истата.
Ако сте забележале дека во вашата врска има сè помалку страст можно е за тоа да сте виновни вие самите, односно некои лоши навики и здравствени проблеми.
Со овие шест можни начини ја убивате страста во врската:
Лоша исхрана
Ако сте на диета поради доаѓањето на летото можно е да не јадете доволно со што се намалува сексуалниот нагон. Тоа е логично бидејќи со помал внес на калории телото ќе има помалку енергија па веројатно нема да ја троши на сексуални активности.


Недостаток на сон
И ова е логично, ако спиете помалку од 6 часа дневно навечер веројатно нема да бидете наспани и нема да бидете расположени за секс. Недостатокот на сон негативно влијае и на машкото либидо бидејќи доаѓа до забавено лачење на тестостерон што ја намалува желбата за секс.
Анемија
Ако сте анемични треба да внесувате повеќе железо, на тој начин ќе ја вратите и желбата за секс.
Прејадување
Ако навечер сте склони на прејадување тешко потоа ќе имате било каква желба за секс. Особено ако јадете храна богата со заситени масти која може да го намали протокот на крв во половите органи. Ова важи и за мажите и за жените.
Стрес
Едно истражување покажа дека уморот и стресот се главни виновници за намалување на сексуалната желба дури кај 60 проценти од жените. Истата причина се спомнува и кај намалената желба за секс кај мажите.
Депресија
Исто како и стресот, депресијата негативно влијае на бројни аспекти од животот, па и на либидото. Докажано е дека некои антидепресиви се одговорни за сексуална дисфункција кај мажите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.