Шест теми за разговор кои треба да ги избегнувате по сексот

Доколку непосредно по сексуалниот однос сакате да разговарате со вашиот партнер, тоа правете го внимателно бидејќи се наоѓате на прилично чувствителен терен.
Имено, терапевтката за секс Елиза Букин истакнува дека сите луѓе пред, за време и по сексот се наоѓаат во најранливата можна состојба и дека одредени теми може неповолно да влијаат на емоциите, расположението но и искреноста на одговорите.
Затоа, следен пат избегнувајте ги овие шест теми по сексот.
Не ја критикувајте сексуалната изведба на партнерот
Дури и ако не сте биле најзадоволни на свет, немојте да почнете остро да го критикувате веднаш по самиот чин. Тоа време искористете го за разменување на нежности, а за можните подобрувања во креветот разговарајте во наредна прилика.
Немојте да го коментирате телото на вашиот партнер
Доколку го советувате партнерот непосредно по сексот дека треба да се врати во теретана, веројатно ќе го посрамотите. Доколку навистина го сакате, по сексот зборувајте за тоа што најмногу ви се допаѓа кај него.


Избегнувајте разговор за некои нерешени проблеми
Сите по сексот сакаат да останат во зен фаза што е можно подолго. Затоа немојте да ја разбивате ваквата идила со разговор за свекрвата или вашите финансиски проблеми.
Не ги споменувајте поранешните партнери
Споредувањето на вашиот партнер со поранешните партнери секогаш е лоша идеја, а особено по сексот. Затоа пробајте да ја заборавите оваа тема.


Не го прашувајте каде научил одредена вештина
Освен што не треба да ги споменувате вашите поранешни партнери, немојте да го потсетувате ниту на неговите. Доколку ви се допаѓа тоа што го прави, едноставно пофалете го без љубопитност за приказната во позадина.
Заборавете на сериозните прашања за иднината на вашата врска
Ваквите теми се наменети за пригодите во кои не лежите заедно во кревет, без облека, особено доколку станува збор за нешто што е прилично ново. Доколку навистина сакате да ги дознаете неговите намери, прашајте го на суптилен начин за време на вечерата, кафето или прошетката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.