Шефот на НАСА вели дека Кина развива тајни воени проекти во вселената

Шефот на НАСА, Бил Нелсон, рече дека Кина спроведува тајни воени активности во вселената.„Веруваме дека многу од таканаречените цивилни вселенски програми се воени програми“, рече Нелсон.„Кина направи огромни чекори, особено во последните 10 години, но тие се многу таинствени“, додаде тој.Шефот на НАСА оваа изјава ја даде за време на сослушувањето за потпишување на буџетот на американската агенција од 25,4 милијарди долари, пишува Скајњуз , пренесува Телеграфи.На прашањето за инвестициите на Кина во вселенските програми, Нелсон рече: „Ние сме во трка. Најновиот датум што го дадоа за слетување на Месечината е 2030 година. Наша должност е да стигнеме таму пред нив“.Тоа е затоа што според шефот на НАТО, ако Кина прво слета на Месечината, може да бара дел од вселената како нејзина територија.„Мојата грижа би била ако Кина стигне прва таму и каже дека ова е моја територија, вие останете надвор од неа“, додаде Нелсон.Инаку, кинеската држава има 499 сателити во орбитата, соопшти американската одбранбена разузнавачка агенција. Познато е дека развива и шпионски балони и хиперсонични ракети.

Пронајдете не на следниве мрежи: