Водачот на шпанската нарко банда Лос Пантоја, Хесус Хередија, не се вратил во затвор откако добил отсуство во текот на викендот, а судот во градот Кадиз распишал налог за негово апсење, објавија денеска шпанските медиуми.Тој отслужуваше шестгодишна затворска казна за трговија со дрога , објави јавната телевизија Ртве.Тој беше уапсен во 2020 година заедно со 40 други членови на неговата организација, а две години подоцна беше осуден на затвор од судот во Алгесирас.Хередија го презеде раководството на кланот Лос Пантоја откако претходниот водач, Абделах Ел Хаџ, побегна во Мароко .Хередија требаше повторно да се појави на суд на 5 мај за друг случај на трговија со дрога од 2020 година.
Пронајдете не на следниве мрежи: