Шехерезад: Лекарите се плашат да ги прегрнат своите најблиски кога ќе се вратат од работа, затоа останете дома!

Познатата турска актерка Бергузар Корел позната како Шехерезад преку социјалните мрежи испрати силна порака до своите обожаватели.
Имено, таа ги повика фановите да не се жалат за тоа што седат дома, туку да размислат како им е на лекарите и медицинскиот персонал кои што живеат со стравот да не ги заразат своите најблиски.
Таа додава дека за докторите домот е претворен во луксуз, бидејќи работаат без престан и кога ќе пристигнат дома се плашат да ги прегрнат најблиските.
-Нема зошто да се нервираме по дома. Размислете за целиот медицински персонал кој што во моментов работи во болниците. Сите тие кога ќе си одат дома се плашат заразата да не ја пренесат на некој од своите сакани. Домот за кој вие се нервирате, за нив е луксуз. Не мислете само на себе, туку и за другите, пишува популарната турска актерка.
-Останете дома! Не излегувајте од дома, дополнува таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.