четврток, 26 ноември 2026
Најново

Шилегов: Обвинителството постапува лекомислено во случајот Кочани

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Адвокатот на одбраната во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Петре Шилегов, рече дека во случајот има многу процедурални грешки.

Тој ја критикуваше работата на Обвинителството и предупреди дека грешките во постапката можат сериозно да ѝ наштетат на правдата.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според него, треба да се донесе јасна одлука за жалбите на одбраната, бидејќи прашањето не е формално, туку суштинско.

„Ова е прашање на тоа дали принципите на фер судење ќе бидат почитувани за време на процесот. Во спротивно, целиот случај би можел да биде отфрлен по жалба“, нагласи тој.

Адвокатот Шилегов нагласи дека на претходната седница одбраната ги истакнала истите недостатоци, но Обвинителството повторно постапило несериозно.

„Ова е несериозна акција пред судот, несериозна за семејствата на жртвите, несериозна за одбраната и обвинетите“, нагласи тој.

Поврзани вести