Ширум светот се одржа фестивалот на Дедо Мразовци

Во повеќе градови низ светот, меѓу кои и во Њујорк, вчера се оддржа традиционалниот фестивал на Дедо Мразовци.
Повеќе илјади Дедо Мразовци, облечени во нвините препознатливи црвени костуми, се собраа на Тајм Сквер во Њујорк, по повод фестивалот “Сантакон“.


И покрај екстремно ладното време Дедо Мразовците пееја, играа и на децата им делеа слатки. Како и во претходните години, и годинешниот фестивал беше организиран преку социјалните мрежи.
Фестивалот „Сантакон“ првпат беше организиран во 1994 година во Сан Франциско и од оттогаш стана меѓународен феномерн, пренесува „Њузвик“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.