Шифрирана порака на обвинет во „Монструм“: „Ми се погоди мрсен батак, го оставив до пола“

На денешното рочиште за случајот „Монструм“ се прочитаа неколку СМС пораки и транскрипти од разговори на дел од обвинетите за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро, пренесе „Фокус“.
Јавноста имаше можност да слушне разговор на обвинетиот Алил Демири со непознато лице, кој бил снимен со употреба на Посебни истражни мерки.
-Да не те боли желудникот, го прашува непознат соговорник Демири.
Тој пак одговара: „ Ме удри мрсното во глава“, вели Демири, смеејќи се.
Потоа соговорникот го прашува дали јадел денес, а Демири вели: „Батакот ми се погоди многу мрсен и го оставив до пола, вели обвинетиот и повторно се смее.
Понатаму се води разговор и за едно буре, за што Гешкоска исто така имаше свое толкување.
„Го фрли ли бурето“, прашува Демири, а соговорникот му вели дека го фрлил во каналот.
Според обвинителката Гешкоска бурето всушност било оружјето со кое било извршено петкратното убиство, а кое никогаш не беше пронајдено.
Судскиот процес го води судијата Огнен Ставрев. Обвинители се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, од кои се очекува да се види дали и тие на ист начин ќе го толкуваат разговорот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.