Шминката како средство за заведување

Шминката како средство за заведување

Секоја жена сака, барем одвреме – навреме на нејзиното лице да се гледа дека водела љубов. Експертите за мејкап велат дека вистинските “сексапилни” производи поседуваат неколку заеднички карактеристики. Пред се, нивната употреба не сугерира само сексуалност, туку ја имитира – заруменети образи, замрсена коса, изгрицкани нокти…

Усни
На врвот на сексуалната возбуда, усните природно се заруменуваат. Таа боја може да се репродуцира со нанесување на течен кармин кој им дава на усните природен ефект.

Очи
Замаглениот поглед е одраз на лошото однесување, но на добар начин. Нанесете темно моливче за очи, а потоа со прст или четка омекнете ја линијата, особено онаа под долните трепки.

Коса
Густата, сјајна коса е многу секси, но пената, геловите и лаковите за стајлинг не се. Големите количини од овие средства делуваат вештачки па наместо да и дадат волумен на косата, тие ја слепуваат.

Тело
Исончаната миризлива и светлива кожа која делува влажно отсекогаш им изгледале провокативно на мажите бидејќи асоцира на испотено тело по секс.

Образи
Размислувајте за розово или бронзено руменило. Румените образи значат забрзан крвоток, а исончаната кожа делува уште посексапилно кога на неа нема оштетувања од сонцето.

Нокти
Ноктите без лак (или премачкани со светол, нежен лак) можеби изгледаат почисто и поуредно, но во играта на заведување најсилен ефект предизвикуват оние премачкани во црвена боја. Најсекси се кратките и уредни нокти.

Трепки
Густите трепки се неизоставен дел од сексапилниот изглед. Токму затоа, многу жени се одлучуваат да вградат семиперманентни екстензии кои траат од четири до шест недели и “трпат” вода.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.