Шминки, паштети, кечап и мајонез, четки за коси, ситни пари: Посетителите си ги бараат предметите по мисата на Папата

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска отслужи миса на плоштадот „Македонија“ во Скопје на која присуствуваа околу 15.000 граѓани од земјава, како и верници од странство. Поради засилените безбедносни мерки, граѓаните беа принудени да остават многу од своите лични предмети пред влезот на плоштадот.
Од видеото објавено од МИА се гледа дека, и покрај апелите на на надлежните на миса да не се доаѓа со чадори, запалки, храна и слично, многумина не ги послушаа.

Стотици метални парички, чадори, женски додатоци и разни предмети беа оставени пред главните влезови на плоштадот во Скопје од посетителите и верниците кои присуствуваа на литургијата на папата Франциск кој се наоѓа во апостолска посета на нашата земја.
Предметите беа одземени од страна на полицијата која беше ригорозна кон правилата кои неколку дена претходно беа соопштувани на јавните гласила дека токму тие предмети се забранети при влезот во малиот ринг на плоштадот.
На излезот, од посебно обележаните реони, по завршувањето на мисата, граѓаните имаа можност да си ги земат оставените предмети, кои за нивно големо изнанадување сите беа оставени покрај излезот.
Во продолжение погледнете со што сѐ дојдоа граѓаните на миса:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.