Шокантна сцена: Познатата српска глумица снимена како го клоца кучето среде бел ден во центарот на Белград

Една од најпознатите српски актерки, Слобода Слоба Миќаловиќ, луѓето едноставно ја обожаваат, но по оваа сцена, веројатно многумина ќе го сменат своето мислење за неа.
Имено, Слобода неодамна зеде домашно милениче, а сега беше снимена на улица каде може да се види како го „воспитува“.


Додека го шеташе своето крзнено милениче среде бел ден низ Белград, таа ја преминуваше улицата, во еден момент таа застана за да мине еден автомобил, а кучето продолжи да оди, а таа малку го повлече каишникот.Бидејќи песот не реагираше, актерката брутално го шутна со нога, на очиглед на сите минувачи!


Кучето преплашено од страв само легна среде улица, а кога автомобилот помина тие продолжиле да одат.
Слобода не покажала претходно вакво однесување, но, на видеото подолу, снимено од екипата на популарната емисија „Папарацо лов“ јасно може да се види како го клоца недолжното кутренце.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.