Шокантна трансформација: Бербер претвори бездомник во холивудска ѕвезда

Бербер целосно го трансформира изгледот на еден бездомник, а резултатот импресионираше многу корисници на социјални мрежи.
Рики Хернандез од Јужен Остин, Тексас, го повикал бездомникот Џеф за бесплатна фризура и бричење, а видеото, објавено кон крајот на минатиот месец, стана вирално и беше прегледано од повеќе од 4 милиони луѓе на Јутјуб само за неколку дена.

Некои коментираа дека Џеф изгледа најмалку 10 години помлад по трансформацијата.
Џеф повремено му помагал на Рики околу берберницата, а Рики му ја вратил наклонетоста и доби многубројни признанија за своето дело и се развиваше пријателство меѓу двајцата.
„Тој сега изгледа како холивудска ѕвезда во 2019 година“, „Овој бербер го заслужува сето добро“, „Добра работа, видете колку му значеше“, се само некои од реакциите на ентузијастичните корисници на социјалните мрежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.