Истрагата на француската армија покажала дека рускиот ИЛ-76, кој наводно превезувал воени заробеници, бил соборен од украинските сили истрелувајќи ракета земја-воздух од системот Патриот од далечина од околу 50 километри!
Информацијата ја пренесува агенцијата АП, повикувајќи се на неименуван француски воен претставник.
- Украина: Воената состојба и мобилизацијата продолжена за 90 денаУкраинската – Врховна рада (парламент) го усвои законот предложен од Володимир Зеленски,… Read more: Украина: Воената состојба и мобилизацијата продолжена за 90 дена
- Обама го вклучи алармот пред изборите: „Ова е нашата последна шанса“Поранешниот американски претседател Барак Обама ја критикуваше администрацијата на Доналд Трамп за… Read more: Обама го вклучи алармот пред изборите: „Ова е нашата последна шанса“
- Се извини откако претстави македонска песна како „стара бугарска“Најновото издание на популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ предизвика вистинска бура… Read more: Се извини откако претстави македонска песна како „стара бугарска“
- Теа Таировиќ итно опериранаПејачката Теа Таировиќ итно била оперирана, дознава „Блиц“. Таа била примена во… Read more: Теа Таировиќ итно оперирана
- Промена на времето од утре: дожд, снег на планините и силен ветерВремето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за врнежи… Read more: Промена на времето од утре: дожд, снег на планините и силен ветер
Официјалниот претставник, кој ги објави разузнавачките наоди под услов да остане анонимен, рече дека украинската ракета очигледно успеала да остане неоткриена додека се приближувала до целта.
– После тоа доволно долго го вклучи радарот за да ја погоди целта – вели францускиот функционер.
Друг западен функционер, исто така, рече дека авионот бил соборен со проектил и дека не паднал поради механички дефект и дека проектилот речиси сигурно бил истрелан од украинска територија. Официјалниот претставник рече дека „се уште не е јасно“ дали превезува украински воени заробеници.
Истражниот комитет на Руската Федерација официјално соопшти дека Ил-76 бил соборен од системот за воздушна одбрана МИМ-104А на комплексот Американски Патриот. Во соопштението се наведува дека на местото на несреќата во Белоградско се пронајдени и прегледани 116 табли на англиски јазик.
Ден претходно истото го кажа и рускиот претседател Владимир Путин.
Пронајдете не на следниве мрежи:



