Шокантно видео: Боки 13 и неговиот татко нападнале свештеник пред две години

Телевизија Алфа објави шокантно видео од нападот на Боки 13 односно Бојан Јовановски и неговиот татко Миле врз поп на МПЦ, пишува Експрес. Во видеото кое е најава за репортажи кои Алфа ги најавува за наредните денови се гледа како таткото Миле и Боки 13 вршат вербални и физички напади врз свештеник кој се обидува да влезе во својот дом.
Нападот е извршен додека во возилото на попот има две деца а инцидентот го гледаат и сопругата и уште едно дете.
За случајот кој нема правна разврска над 30 месеци, последниве недели пишуваше и колумнистот на expres.mk Горан Момироски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.