Шок во Дортмунд, Левандовски сепак заминува

Менаџерот на херојот на Дортмунд Роберт Левандовски, Мајк Бартел, соопштил дека напаѓачот се договорил со друга екипа и по завршувањето на сезоната ќе замине од редовите на ’милионерите’.Бертел не соопштил за кој тим станува збор, но познато е дека изминатите месец за Левандовски интерес покажуваа манчестерските тимови Јунајтед и Сити, како и Баерн односно Јувентус.„Постигнавме договор со друг тим и трансферот ќе биде реализиран ова лето. Сите барања на Борусија се исполнети“, изјавил Бартел за „Билд“.Претходно, во четвртокот, претседателот на Борусија Ханс Вацке, најави дека Левандовски останува, дури и по цена Полјакот по истекот на договорот да замине без обештетување. Левандовски со Борусија има договор кој истекува во јуни 2014 година.„Постои интересна понуда за Роберт која ги задоволува неговите и барањата на Борусија. Во клубот ме уверија дека под тие услови тој ќе може да замине. Сега целата работа е во рацете на луѓето во клубот“, дополнил Бертел.Борусија пред два дена објави дека клубот по завршувањето на сезоната ќе го напушти Марио Геце.
МакфаксМенаџерот на херојот на Дортмунд Роберт Левандовски, Мајк Бартел, соопштил дека напаѓачот се договорил со друга екипа

Пронајдете не на следниве мрежи: